06:20 - 5 април, 2026

Синот на султанот од Брунеи, најпосакуваниот ерген се жени со Хрватка: Свадбата ќе трае 10 дена

Абдул Матин од Брунеи со години важеше за најпосакуваниот млад принц, а сега е откриено дека се жени, и тоа со девојка со хрватски корени. Кралската венчавка ќе се одржи во јануари следната година, а за мистериозната Аниша Иси-Калебиќ се знае многу малку.

Нивната љубовна приказна започнала откако се запознале преку пријатели. Аниша потекнува од познато брунејанско семејство, нејзиниот дедо Пехин Датук Хаџи Иса бил советник на тамошниот султан и ко-основач на авиокомпанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anisha Isa Kalebic (@nishakalebic)

Како што објавија многу странски медиуми, нејзиниот татко има корени од Хрватска. Инаку, Аниша дел од животот го поминала во Британија, каде што студирала на Универзитетот во Бату. После тоа, таа го основа модниот бренд „Silk Collective“. Таа и принцот наводно ја делат љубовта кон спортот, па често тренираат заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anisha Isa Kalebic (@nishakalebic)

Принцот Абдул Матин е роден на 10 август 1991 година и има 32 години. Привлекува внимание каде и да се појави, а на социјалните мрежи често објавува предизвикувачки фотографии. Дипломирал меѓународна политика на Кралскиот колеџ во Лондон и е пилот на хеликоптер во војската.
Тој е и активен спортист кој игра поло во репрезентацијата на Брунеи, а ужива и во скијање, скокање со падобран, нуркање и играње голф. На Инстаграм тој редовно се фали со својот луксузен живот, хоби и страсти, меѓу кои е и собирањето тигри и други диви животни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mateen (@tmski)

Кралската венчавка , како што е вообичаено кога султанот од Брунеи жени еден од неговите потомци, ќе трае десет дена, а церемонијата ќе започне на 7 јануари. Церемонија ќе се одржи на 11 јануари, а граѓанската венчавка на 14 јануари, по што ќе следи свечена прослава.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....