10.8 C
Скопје
20:15 - 24 март, 2026

Синот на Шумахер повеќе не е со згодната Лаила? Мик повторно стана активен на апликацијата за запознавање

Мик Шумахер, синот на славниот Михаел Шумахер ги поттикна гласините за раскинувањето со Лаила Хасановиќ. Имено, 26-годишниот Мик ги избриша сите заеднички објави од својот Инстаграм профил.

Дополнително, сомнежот се појави откако корисник на Инстаграм објави видео на кое се гледа дека профилот на Мик на апликацијата за запознавање, каде што беа споделени неколку негови фотографии, повторно е активен.

„Профилот на Мик беше активен на апликацијата „Раја“ (Raya) во последните неколку дена. Благодарност до нашиот следбеник кој љубезно ни го испрати видеото“, пишува во објавата.

Инаку, Мик и Лајла ја започнаа врската во 2023 година, а познато е дека се запознале во 2022 година. Германските медиуми минатата година објавија дека Лајла е една од ретките луѓе надвор од познатото семејство на која ѝ е дозволено да го посети татко му Михаел Шумахер.

Лајла е родена во Данска и е по потекло од Сребреница. Тогаш тие изјавија и дека членовите на семејството Шумахер се фасцинирани од манекенката, која секојдневно се занимава со семејни активности и често се дружи со мајката на Мик, Корина.

За потсетување, Лајла ја започна својата манекенска кариера на 16 години, кога преку Инстаграм направи кампања за брендот на часовници Даниел Велингтон. Покрај тоа, Лајла исто така беше финалистка на натпреварот за Мис Универзум во 2019 година.

Слични објави

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо
Се вчитува....