9.8 C
Скопје
14:17 - 27 март, 2026

Синот на Марија Шерифовиќ ја напушта Србија, пејачката му купила стан во Западен Холивуд

Српската пејачка Марија Шерифовиќ ја воодушеви јавноста кога информираше дека станала горда мајка на наследникот Марио, кој го доби преку сурогат-мајка. Марија своевремено зборуваше за сите детали кои ја интересираа јавноста, но она што сите ги интересираше е кој е таткото на момчето.

Марија гостувајќи во една емисија објасни дека не смее да ги открива деталите, бидејќи тие се заштитени со договорот, а доколку се открие, би можела да сносува и парична казна.

– Тоа се работи за кои не можам и не смеам да зборувам, поради сите потпишани договори, затоа што никогаш не се знае дали некој ќе го преведе ова, а потоа ќе ме тужи за 10 милиони долари, можеби и повеќе. Тој е супер фраер, Европеец – рекла таа.

Инаку, се шпекулира дека пејачката купила стан во Западен Холивуд за да му ги овозможи најдобрите услови на синот. Како што рекла еднаш, нејзиниот син ќе ги дознае сите детали за своето потекло кога ќе дојде време за тоа, пишува српска „Република“.

– Пред две години поминав низ процес на вадење на моите јајце-клетки и потоа создавање на ембрион. По сите тие генетски тестови, дознав дека имам три здрави ембриони. Така се роди Марио. Поради договорот за приватност, не можам да ги споделам сите информации со вас, но она што можам да го кажам е дека, кога ќе дојде време, Марио ќе знае сè за тоа – изјавила во една прилика Шерифовиќ.

 

Слични објави

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin
Се вчитува....