11:24 - 22 февруари, 2026

Серија самоубиства на американски носач на авиони: морнари во паника го напуштија носачот, се бараат одговори за мистеријата!

По неколку самоубиства меѓу екипажот, над 200 морнари го напуштија американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“.

Во последните денови, Федералниот конгрес на Соединетите Држави побара одговори од американската морнарица по седум смртни случаи меѓу екипажот на носачот на авиони за помалку од една година, вклучувајќи три самоубиства за нешто повеќе од една недела.

Џорџ Вашингтон, еден од носачите на авиони со нуклеарен погон од класата Нимиц што ги користи американската морнарица, е закотвен во Вирџинија од 2017 година.

Седум морнари на бродот загинаа од минатата година до април, од кои четворица очигледно извршиле самоубиство.

По известувањето на оваа тема на телевизиската станица „CBS News“, портпаролот на морнарицата изјави за весникот „The Hill“ дека на носачот на авиони се случиле уште три други самоубиства помеѓу ноември 2019 и октомври 2020 година.

Во последните неколку недели морнари се пожалиле на „Navy Times“ и „Nbc News“ за работните услови на бродот, а еден признал дека самиот се обидел да се самоубие.

Инаку, носачот има капацитет за околу 5.000 морнари. Во моментов на бродот има околу 2.700 морнари.

Свое мислење за случаите на „Џорџ Вашингтон“ даде адмиралот Џон Мајер, командант на воздухопловните сили на Атлантикот.

„За да добие одговори на дури три самоубиства во април, морнарицата испрати тим експерти, вклучувајќи психолог, советници и специјален тим од 13 лица за вакви случаи. Резултатите од истрагата за смртта на морнарите се очекуваат оваа недела “, рече адмирал Мејер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Global Armarda (@globalarmada)

Слични објави

(Фото) Синот на Кеба заљубен „до уши“, новата девојка јавно му призна љубов на Игор Којиќ

Еспресо

Хороскоп за 22 феврури: Вагите ги очекува убав љубовен ден, Водолиите ќе имаат многу обврски

Еспресо

(Фото) Семејството Чолиќ повторно во проблем: Уна се огласи – „затоа ја напуштам целата приказна“

Еспресо

Драгана Беквалац неутешна по смртта на најдобрата пријателка: Објави досега невидени фотографии со Татјана Јечменица

Е.А.

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....