5.8 C
Скопје
07:33 - 1 април, 2026

Сергеј Ќетковиќ си ја разголи душата: Пијам таблети за смирување

Неодамна во интервју за медиумите, пејачот Сергеј Ќетковиќ истакна дека во негово време било предизвик да се гради кариера, но дека тоа било „почисто“ и поправедно време. Говорејќи за актуелниот музички правец, тој истакна дека секое време си носи свој товар и дека квалитетната музика секогаш ќе го наоѓа својот пат до публиката, без разлика на актуелните трендови.

Познат по својот смирен карактер, Ќетковиќ откри дека понекогаш се нервира и дека не е имун на човечките емоции. Тој призна дека понекогаш посегнува по средство за смирување, но ја истакна важноста од изразување на човечките емоции и толеранција. Исто така, тој откри дека никогаш не се обратил кај психотерапевт, туку се потпирал на поддршката од пријателите, семејството и свештенството.

„Понекогаш земам средство за смирување. Ние не сме роботи, не сме машини, ние сме луѓе. Некој има малку повисок праг на толеранција, некој не, но се трудам секогаш да бидам смирен и присебен, има многу работи кои можат да ме исфрлат од колосек, како човечка грубост, невнимание, непромисленост, некултура, но да не одиме многу далеку сега“, рекол Ќетковиќ.

Со оглед на тоа дека се пошегува дека консумира лекови за смирување, откри дали некогаш во кариерата имал потреба да посети психотерапевт:

„Му благодарам на Бог што имав среќа, пред сè, да имам пријатели кои ми се на прво место, тоа се луѓе со кои треба да споделуваме добро и лошо, како и со родителите, на крајот на краиштата, луѓе кои се секогаш тука за нас“, изјави пејачот, пренесува „Република.рс“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....