0.8 C
Скопје
01:03 - 12 март, 2026

Семејството на Бритни Спирс тврди: „На најстрашна дрога е, би можела да ја снајде судбината на Ејми Вајнхаус“

Популарната пејачка Бритни Спирс целиот живот се бореше против сопственото семејство за неодамна да ја добие слободата по долгото старателство од нејзиниот татко. Но, проблемите не завршија тука, таа се бори и против нејзиниот поранешен сопруг бидејќи тој ги сврте нејзините синови против неа.

Очигледно, да се биде третиран како неспосебен за чување деца но и неспособна да се грижи за сама себе, толку многу години, е трауматичен настан што ќе ја „убие“ сечија психа. На Бритни Спирс очигледно ѝ е потребна помош бидејќи покажува сè понепредвидливо однесување на социјалните мрежи и во јавноста. Имаше повеќе пати во изминатиот период кога фановите стравуваат за нејзиното ментално здравје поради разголените фотографии и чудните објави на нејзините различни профили на социјалните мрежи.

Сето ова однесување на пејачката го провоцира и нервира нејзиниот поранешен сопруг, кој реши да ја нападне на различни јавни начини. Без разлика дали се работи за телевизиско интервју или за онлајн постирање, Кевин Федерлајн изгледа решен да продолжи да ѝ нанесува навреди, а со тоа и штета на Бритни Спирс на која најмалку ѝ требаат навреди туку помош.

Во најновиот напад, Кевин тврди дека Бритни користи таканаречена кристал мет дрога, која важи за најопасните дроги во светот. Тој додаде дека е „на штрек“ зашто во секој момент може да очекува вест за нејзината смрт.

Зборувајќи за Дејли Мејл, Федерлајн рече: „Се плашам дека е на кристал мет – се молев некој да го објави тоа јавно и таа конечно да се свести. Тоа е страшно. Таа е мајка на моите момчиња. Не сакам момчињата да се разбудат едно утро и да видат дека нивната мајка се предозирала“.

Сепак, овие тврдења на Кевин Федерлајн на ниту еден начин не се поткрепени со конкретни докази. Тој не може да докаже дека Бритни Спирс користи дрога „кристален мет“.

Но, и сестрата на Бритни Џејми Лин Спирс откри дека и таа се плашела дека Бритни може да заврши како Ејми Вајнхаус, што е застрашувачка помисла. Покојната пејачка почина од предозирање со алкохол поради нејзиниот крајно нездрав начин на живот, но во комбинација и со кристал мет.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....