8.8 C
Скопје
04:26 - 4 април, 2026

(Фото) Селма Бајрами очајна: „Мојот син не смее да ми се јави, татко му му се заканува дека ќе го казни“

Пејачката од Босна и Херцеговина Селма Бајрами веќе неколку години води битка за старателство над својот син Дарис, а сегa и јавно објави како тој се обидува да стапи во контакт со неа, преку коментари на ТикТок, затоа што татко му не му дозволува да ѝ се јави.

Поточно, Селма сподели  фотографија од коментарот што Дарис наводно ѝ го  оставил под видеото објавено на нејзиниот ТикТок.

Наводниот коментар гласи: „Мамо, јас сум Дарис, твојот син. Сакам да ти го напишам ова затоа што ми недостасуваш, но ќе се видиме“.

Во описот на објавата на Фејсбук, Селма објасни за што станува збор:

„Вака мојот син ја изразува својата љубов кон мене… со коментар на ТикТок, бидејќи татко му се заканува дека ќе му забрани да игра игри и ќе му го одземе телефонот ако ми се јави“.

„Што да кажам за ова…“, додаде пејачката на крајот од објавата.

Потсетуваме, пејачката неодамна зборуваше за нејзината долгогодишна битка за старателство над нејзиниот син Дарис. Таа откри дека старателството претходно му било доделено на таткото Муја Мушиќ со конечна одлука.

„Направив грешка бидејќи беше корона и ја откажав правната помош. Тие адвокати во тоа време ми дадоа лош совет, за негова среќа мојот поранешен сопруг имаше добар адвокат. На крајот, го пропуштив рокот за жалба и се покажа дека се согласив со сите лаги што ги кажа за да ме претстави како лоша мајка и оттогаш се борам“, рече пејачката за време на гостувањето, перенесува „КЛИКС.БА“.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....