Беше добрина, прифаќање и љубов, и не можам да верувам дека билошто од ова е реално. Ти се правеше да биде подносливо и секој товар да биде полесен, напиша неговата мајка во емотивна објава.
Во неделата почина 19-годишниот внук на познатиот актер Роберт де Ниро, Леандро Де Ниро Родригез. Веста ја потврди неговата мајка Дрена Де Ниро (51) која во нова емотивна објава се прости од својот син.
– Од солзи едвај пишувам, но пораките, повиците, љубовта кон пријателите и семејството ме одржуваат во живот. Сè уште не сум одговорила, но ви благодарам. Ништо од она што се случи не е праведно и моето срце боли на начин на кој никогаш не мислев дека е возможен додека сè уште дишам. Лео, љубов моја, те сакам исто како првиот ден кога те држев во раце – напиша таа и продолжи:
– Истиот човек што нè собра од болница кога се роди, нè возеше до погребалното каде што те допрев и те држев за последен пат.
View this post on Instagram
Во објавата таа откри дека се уште не може да поверува што се случило.
– Беше добрина, прифаќање и љубов и не можам да верувам дека нешто од ова е реално. Сè направи подносливо и секој товар полесен. Не заслужи вака да умреш, но можам само да верувам дека на Бог му требаше силен и моќен ангел во неговата војска. Те чувам секој момент во моето срце и сеќавање додека не бидеме повторно заедно. Моето срце е скршено засекогаш. Те сакаме јас, тато и твоето семејство – рече таа.
Откако веста за неговата смрт излезе во јавноста, се дозна дека Леандро е пронајден во еднособен стан на Волстрит. Покрај него пронашле и „бел прав“, како што напиша Дејли Мејл.
Леандро го добија Дрена и на скулпторот Карлос Маре во 2003 година. Леандро се занимавал и со глума, како неговиот дедо, а најпозната улога му била во филмот „A Star Is Born“. Неговата мајка Дрена била посвоена од Роберт со Дијана Абот, откако се венчале во 1976 година.