11:41 - 3 април, 2026

Се породи најубавата српска водителка Марија Килибарда: Првпат стана мајка на 45 години

Српската водителка Марија Килибарда и нејзиниот партнер Бранислав Бане Вучелиќ го добија своето прво заедничко дете, ќерката на која ѝ го дадоа името Сања.

Убавата водителка првпат стана мајка на 45 години.

Како што претходно објавија дел од српските медиуми, Марија ја донела одлуката да се породи во приватна клиника во Белград. Пораѓањето поминало во најдобар ред.

– Сеопфатниот пакет што го избраа идните родители ќе чини нешто помалку од 5.000 евра. Освен што Марија ќе има свој апартман со сите неопходни работи, вклучувајќи телевизор, интернет и посебна бања, како и бокс за новороденчето, таа ќе има и 24-часовна нега, но и превентивни прегледи по породувањето, како и третмани за најбрзо можно опоравување од породувањето – навел изворот за српски „Ало“ и истакнал дека токму Бане бил тој што ја убедил Марија на најдобрите можни услови.

Љубовната приказна на убавата водителка и Бане Вучелиќ трае веќе четири години, а првпат заедно се појавија во јавноста минатата година во Белград, кога водителката ја претстави својата колекција накит од нејзиниот бренд „Ки“ и собра бројни јавни личности, а нејзиниот најголем поддржувач бил токму емотивниот партнер.

Вучелиќ, да потсетиме, е син на фудбалскиот функционер Милорад Вучелиќ и актерката Љиљана Драгутиновиќ, а како се сложуваат свекрвата и снаата доказ е фотографијата која Килибарда неодамн аја сподели преку својот инстаграм-профил.

Водителката објави заедничка фотографија со познатата актерка и ѝ го честиташе роденденот.

– Нашата најдрага баба Љиља. Среќен роденден – напиша водителката.

 

Слични објави

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо
Се вчитува....