8.8 C
Скопје
20:19 - 12 март, 2026

Се појави бизарна преписка меѓу Џони Деп и Мерилин Менсон за нивните сопруги: Мојата поранешна е проклет учебник! Требаше порано да го прочитам

На виделина излезе преписката меѓу Џони Деп и Мерлин Менсон од 2016 година, во која музичарот ја споредува неговата тогашна сопруга Линдзи Јузик со Амбер Херд, во тоа време веќе поранешна сопруга на Деп.

„Покрај себе ја имам Амбер 2.0“, му напишал Менсон на Деп, жалејќи се дека Линдзи поднела забрана за приоѓање, тврдејќи дека ја „тепал“ и чувал наркотици во куќата.

Деп на својот пријател му дал инструкции да остане смирен и да не ѝ дозволи да го погодат ваквите обвинувања, нагласувајќи дека е важно „да не и го даваме она што сака да го постигне“, пренесува „Дејли мејл“.

„Таа сака да те натера да врескаш, да се налутиш и да го нахраниш нејзиното нарцисоидно однесување. Верувај ми, прочитав многу работи за тоа и за социопатското однесување… Тешко е, брате мој!!! Мојата поранешна е проклет учебник! Требаше порано да го прочитам“, му напишал холивудскиот актер на својот пријател Менсон.

Овие текстуални пораки беа објавени минатиот викенд, кога беа отпечатени илјадници страници документи поднесени за време на судењето на Џони Деп и Амбер Херд.

Менсон продолжил да му испраќа пораки на Деп:

„Имам сериозно полициско сценарио во фазонот на Амбер со семејството на Линдзи. Под стрес сум. Не знам дали се врати, но ми треба некаде азил бидејќи мислам дека полицијата можеби ќе ме следи“.

Актерот повторно го советувал „да држи дистанца и што помалку да разговара со неа“.

„Ова е срање. Таа рече дека сум ја претепал и ѝ ја даде на полицијата мојата адреса. Им рекла дека имам дрога овде. Затоа, подготвен сум да си одам одовде”, напишал музичарот.

Понатамошната кореспонденција открива дека Џони и Мерилин разговарале да имаат своја пештера, алудирајќи на филмот „Salò“: „Ајде да имаме свој Сало, но без геј работи кај нас“.

Инаку, филмот „Salò“ е забранет во неколку земји поради прикажување на силувања, мачења и убиства, главно на луѓе за кои се верува дека се малолетни.

Во следната порака, Менсон му рекол на Деп дека ќе го запознае со „нова обожавателка“, наведувајќи дека таа е полнолетна.

„Мојата нова обожавателка сака да те запознае. Изгледа дека ти треба. Верувај ми. Ќе ти испратам слика. Има 18 години“, напишал тој.

Инаку, за се да биде побизарно, и покрај сите пораки и обвинувања, Линдзи и Мерилин стапнаа на лудиот камен во 2020 година, четири години по контроверзните пораки, а и денес се во брак.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....