10:58 - 3 април, 2026

Се пиело шампањ за сите пари: Српски милионер потрошил 60.000 евра за време на настапот на Цеца во Дубаи

Милионер од Сјеница платил сметка од 60.000 евра на концертот на Цеца Ражнатовиќ во Дубаи, дознава „Информер“. Имено, Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа спектакуларен концерт во Дубаи и собра 1.500 луѓе! Меѓу нив имало и членови на српскиот џет-сет, како и милијардери и милионери од сите поранешни југословенски републики.

Во централното сепаре пред бината седел бизнисменот од Сјеница, А.Граца Рифко, кој докажал дека ќејфот нема цена. Нарачал дури 41 шише од најскапиот шампањ „Дом Перињон“ за кој платил 53.000 евра, бидејќи само едно шише чини 1.300 евра! Имало и други пијалоци, но најголемо внимание привлекле шишињата шампањ со прскалки, дури и од фолк дивата која сето тоа го следеше од бината.

– Рифко е најголемиот трошач на сите концерти на српските изведувачи во Дубаи каде што живее, но особено ја сака и слуша Цеца, па не зажали ниту едно евро – изјавил Ѓорѓе Пешиќ за „Информер“, во име на роганизацијата која организира настапи во Емирати.

Освен милионерот од Сјеница, вниманието на јавноста го привлече и доаѓањето на Сандра Мељниченко. На концертот на Цеца дојде со нејзината пријателка Јелена бин Драи, но сите ги остави во шок поради големиот број приватно обезбедување кое ја следело до сепарето, како и поради нејзиниот стајлинг.

Фотографиите од сметката со вроглаво голема сума и српскиот милионер може да ги видите ТУКА.

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....