11:55 - 31 март, 2026

„Се однесуваше кон мене како со најголемото зло“: Пејачката остро ја „нападна“ Лепа Брена

Пејачката Милена Ќераниќ ја обвини својата колешка Лепа Брена за падот на нејзината кариера. Пејачката ја започна својата кариера во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ во 2008 година. Иако преку ноќ стана многу популарна, нејзината кариера тргна по надолна линија, а за сè ја обвинува Лепа Брена, додека со покојниот Саша Поповиќ некогаш ги израмнила односите.

– Не би сакала сега да вперувам прст во никого, бидејќи помина многу време, но сакам да кажам само дека Лепа Брена и Саша Поповиќ најмногу згрешија кон мене. Не е важно, ниту битно што точно се случувало тогаш, но важно е дека уште тогаш го покажаа своето вистинско лице – изјави пејачката.

Милена смета дека искреноста ја чинела скапо и дека токму тоа ѝ ја уништило кариерата.

– Не ме сакаа, имаше разни работи околу моите настапи – кој ми закажува свирки, кој не, благодарение на кого работам или не работам … Но, сето тоа сега е зад нас. Не ме интересира никому да се оправдувам – вели Милена и додава:

– Не тврдам дека сум некоја голема ѕвезда, има многу поголеми од мене. Можеби, ако на некои им одев „на рака“, ќе поминев подобро. Но постои една работа – луѓето не сакаат премногу кога си искрен. Јас секогаш бев таква, никогаш не дозволував некој да ме понижува, па затоа секогаш бев трн во око. Не можам да кажам дека се каам, напротив. Тие се однесуваа како две најголеми зла кон мене, немам друго објаснување, но пак ќе кажам – постапките на секој од нас најдобро зборуваат за нас самите.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....