13:11 - 10 ноември, 2026

Саша Поповиќ за Славица Ангелова: „Заслужено победи, но кој ќе биде најголема ѕвезда, и дали ќе биде ѕвезда, не знаеме…“

Славица Ангелова од Македонија победи во „Ѕвезде Гранда“, а наградата вчера ѝ ја врачи Саша Поповиќ.

Саша Поповиќ проговори за нејзината победа, но откри и како ќе продолжи нејзината кариера.

– Горд сум на сите мои кандидати. Заслужено победи, доби најмногу гласови од публиката. И посакуваме успех во нејзината понатамошна кариера. По 10 минути гласање видов на телефон дека има голема веројатност да победи – рече Саша и додаде:

– Кариерата ќе ја гради паралелно и овде и во Македонија. Тука ќе добие песна и спот, ќе гостува во сите наши емисии. Верувам дека има многу поголеми шанси во Македонија бидејќи таа е првата победничка од Македонија што ја имавме. Таму ќе има најголема популарност, но ние ќе ја туркаме. Мислам дека не можам да ѝ дадам подобар совет од Ѓорѓе Давид.

– Наше е да го исполниме тоа што го ветивме. А кој ќе биде најголема ѕвезда во оваа сезона и дали ќе биде ѕвезда, не знаеме. Тоа е големо прашање. Сакам да нагласам дека годинава имавме рекордна гледаност, објаснува Саша.

На прашањето на српските новинари дали жирито ќе остане исто и во следната сезона, Поповиќ одговори:

-Ист состав, само различни правила, далеку поинтересно, намален број на кандидати. Ќе биде поинтересно. Наградите ќе останат исти. Порано доделувавме станови, имаше повеќе пари. Најголема награда за победникот и за некој што се натпреварува е да добие хит песна, но денес е многу тешко да се направи хит – смета поранешниот директор на „Гранд“.

Слични објави

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.
Се вчитува....