4.8 C
Скопје
03:38 - 21 февруари, 2026

Саша Матиќ има бизнис вреден 35 милиони евра! Еве во што постојано вложува пари

Саша Матиќ е еден од најплатените естрадни лица во Србија, а за време на епидемијата на коронавирус влезе во претприемничките води со што дополнително заработува.

Имено, пејачкот почнај да гради луксузен комплекс на Тара. Сашаза српските медиуми изјави дека во бизнисот влегол со менаџер без никакво искуство.

– Така почнавме јас и моите партнери, поточно мојот менаџер Марко Максимовиќ и неговите пријатели. Ме вклучија во таа приказна некаде во периодот на корона, кога немаше работа и така влегов во таа приказна. Не разбирам градежништво, но, добро, влегов во тоа за да вложам пари во толку голем бизнис – започнал Матиќ за „Курир“ и продолжил:

– Сигурен сум во тоа бидејќи тоа се мои луѓе, нема ризик дека некој ќе преаже. Јас сум малку логистика, завршувам некои работи што не можат да ги направат, а тоа се однесува на некои други работи, хартии, дозволи, но и како човек за промоција.

Инаку, комплексот се простира на три хектари простор кој граничи со национален парк, а изградбата ќе се одвива согласно сите еколошки и градежни стандарди. Одморалиштето ќе располага со 250 луксузно опремени апартмани со придружни содржини, меѓу кои два големи спа-центри на 2.000 м2, теретана, кафулиња, вински бар, ресторани и друго. Комплексот се очекува да биде завршен во пролетта 2025 година.

– Точно е дека јас сум еден од инвеститорите во прекрасниот комплекс. Бидејќи ми треба мир и одмор од напорната работа, решив да бидам дел од овој проект заедно со мојот менаџер и неколку пријатели. Мојот услов беше, бидејќи сум познат како некој што ги сака спа-центрите, да биде најубавиот спа-центар кај нас. Едвај чекам сето тоа да се изгради и да почне да работи. Проектот е вреден 35 милиони евра и ќе биде еден од најубавите кај нас – изјавил Саша Матиќ.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....