6.8 C
Скопје
09:16 - 1 април, 2026

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Сандра и Милан Калиниќ се вистински пример дека и по бракот партнерите можат да останат во коректен и пријателски однос

Српскиот актер и водител Милан Калиниќ и неговата поранешна сопруга Сандра се разведоа по 18 години брак.

Документите за спогодбената разделба ги решиле со своите адвокати, а за деталите од нивниот однос и понатаму се зборува.

Иако ѝ ставија крај на љубовта, меѓу поранешните сопружници немаше тешки зборови или јавни кавги, туку со меѓусебна почит тие цивилизирано одлучија секој да тргне по својот пат.

Сандра е таа која наводно инсистира да одржува пријателски односи со поранешниот сопруг, па неодамна го повикала на ручек, а тој ја прифатил поканата.

– Вистина е дека тие имаа турбулентен брак. Затоа на некој начин и одлучија да стават крај и да се засолнат еден од друг. Кога, на пример, ги потпишаа документите за развод, интересно е тоа што ги закопаа и воените секири. Милан е тука за Сандра, а особено таа за него. Неодамна беа на ручек сите заедно и се чинеше како сè да е во најдобар ред. Така и треба да биде. Тие се цивилизирани и културни луѓе на кои семејството и по таа формалност им е на прво место – рекол добро информиран извор, пренесува српски „Курир“.

Како што наголемо се шпекулира, Сандра и Милан решиле да му стават точка на бракот на почетокот на минатата година, кога одлучиле дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да оди по својот пат.

Милан набрзо го напуштил заедничкиот стан во Вождовац каде живееја со години и веднаш почнал да бара нов стан за себе.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....