10:41 - 13 април, 2026

Сана Марин во панцир во Ирпин; членството на Хелсинки во НАТО изгледа сè поблиску

Сана Марин, премиерката на Финска, покриена со чадор и облечена во панцир, одеше по улиците на Ирпин фокусирајќи се на раните на украинскиот град кој е еден од најпогодените градови од почетокот на Руската инвазија.

Украинската новинска агенција Униан ги објави фотографиите.

„Ги покажавме последиците од „рускиот мир“ што го оставија окупаторите и разговаравме за прашањето за помош во обновата на нашиот град“, рече секретарот на градскиот совет Ангела Макеева, заблагодарувајќи ѝ се на Финска за нејзиниот став за територијалниот интегритет на Украина, за наметнување на строги санкции против Русија и за воената поддршка и помош на Украина.

Шарл Мишел пак, претседател на Европскиот совет рече „Целосно ја поддржуваме одлуката на Сана Марин, поддржана од финскиот народ, да поднесе барање за членство во НАТО. Ова е историски момент за Финска и ЕУ. Русија одлучи да започне војна против Украина и нас. Решивме да бидеме силни, моќни и да го изразиме нашето единство“.

Слични објави

Едита Арадиновиќ доживеа вистински хаос во клуб – на бремената пејачка ѝ бил испрскан солзавец, па настапот бил прекинат

Еспресо

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.
Се вчитува....