12:56 - 2 април, 2026

„Сѐ што им дадов на моите деца и нему му дадов“: Лепа Брена искрено за односот со нејзиниот посинок Филип

Лепа Брена со години е во хармоничен брак со поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ. Познатиот пар има два сина Виктор и Стефан, а Боба од првиот брак го има синот Филип, кој е во брак со популарната пејачка Александра Пријовиќ.

Познато е дека Брена има добри односи со мајката на Филип, и дека таа отсекогаш гледала на него како на свое дете. Брена еднаш објасни зошто Филип никогаш не го одвојува од нејзините синови.

– Прво, мајка му, татко му и јас сме во добри односи. Реков дека Филип е наше дете, само да го заштитам од објаснувања и глупави изјави. Да зборував поинаку, и да реков: „Знаеш, ова е синот од првата врска на Боба“, знаеш, тогаш тоа ќе се претвори во некаква разделба на децата– изјави тогаш Брена.

пејачката објасни дека секогаш се трудела на децата да им пружи сигурност и љубов.

– На децата треба да им се даде стабилност, да им се даде љубов, сигурност… Се трудев како мајка, да му обезбедам, секако, покрај мајка му и татко му, сè што му треба на детето… Сè што им дадов на моите деца, му дадов и нему – изјави  Брена за Телеграф.рс.

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....