06:26 - 6 април, 2026

„Rolling stones“ го претставија изданието „Dirty work“, „Забрањено пушење“ објави концертен албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја ќе го паметиме по неколку успешни изданија кои се објавени токму на 24 март, како и по раѓањето на популарната Нена, германската пејачка која создаде единствен хит кој спојува бројни генерации.

Во продолжение погледнете кои настани ја одбележаа историјата на музиката на денешен ден:

1956 година – Билборд ја објави првата топ листа од најдобро продавани албуми, а првото место тогаш го освои американско-јамајканскиот пејач Хари Белафонте за својот втор албум под наслов „Белафонте“.

1960 година – Родена Габриела Сузан Кернер, германска пејачка која стана позната како Нена, чија песна „99 Luftballons“ е најзначен наслов во поновиот германски музички бран.

1983 година – Југотон го објави петтиот студиски албум на Здравко Чолиќ под назив „Шта ми радиш“. Од ова издание на славниот музичар најпознати се хутовите „Cherie, Cherie“, „Станица подлугови“, „Африка“ и „Шта ми радиш“.

1986 година – „The rolling stones“ го објавија албумот „Dirty work“, кој го одбележа песната „Harlem Shuffle“, која е всушност обработка на нумера од американското соул дуо „Bob and Earl“.

2004 година – Објавен концертен албум на „Забрањено пушење“ – „Live in St. Louis“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....