06:35 - 10 јануари, 2026

Родолфо Ернандез, најконтроверзниот кандидат за претседател на Колумбија, кој му се восхитува на Хитлер

Родолфо Ернандез, 77-годишен бизнисмен и поранешен градоначалник, се појави како најконтроверзниот кандидат за претседател на Колумбија во последниве децении. Како вистинска ѕвезда на социјалната мрежа „ТикТок“, Ернандез има простор да ја пренесува својата контроверзна кандидатура.

Ернандез е еден од двајцата останати кандидати за претседателските избори, кои треба да се одржат во недела. Третата најголема земја во Јужна Америка се соочува со големи промени, а победникот на овие избори ќе ја преземе државата во клучен момент.

Родолфо Ернандез е познат во колумбиската јавност како доста контроверзен лик. Во 2018 година, локалниот советник од колумбискиот град Букараманга, Џон Кларо, имал мало недоразбирање со Ернандез. Разменувајќи неколку вулгарни зборови, Кларо на крајот заврши со црвен образ, откако Ернандез пред медиумите го удри во лицето.

„Ми се чини дека тој не е психички добар. Може да се каже дека тој е еден психопат.“ изјави Кларо за британски „Гардијан“.

Ернандез во јавноста е познат како доста вулгарен човек. Тој често објавува невистинити на социјалните мрежи, призна дека не знае многу за Колумбија и еднаш го опиша Адолф Хитлер како „голем германски мислител“.

Тој тврди дека „идеално би било жените да се посветат на воспитувањето на своите деца“ и ги нарече Венецуелките „фабрики на сиромашни деца“.

„Јас кажувам што мислам. Не ме интересираат реакциите“ вели Ернандез.

Како кандидат, Хернандез се промовира како парагон на демократијата, успешен бизнисмен кој ги исполнува ветувањата и се грижи за сиромашните.

Првично, тој беше отпишан како аутсајдер, но минатиот месец тој ги изненади сите во Колумбија, доаѓајќи до самото финале на изборите, каде ќе му се спротивстави на Густаво Петро, поранешен член на урбаните герили.

Самите избори ги нарекуваат „битка на аутсајдерите“.

„Едно нешто што сакаат Колумбијците е спас за јавната администрација. Јас го гарантирам тоа.“ изјави Ернандез за Њујорк Тајмс.

@ingrodolfohernandez

Tres regalos de la vida que me llenan de felicidad♥️🥰 #RodolfoHernandez #RodolfoPresidente #elecciones2022 #colombia

♬ sonido original – Capitán Ferrer

Остатокот од текстот можете да го прочитате на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....