05:18 - 31 октомври, 2026

Ријана руши рекорди на „Спотифај“ со стари хитови

Поминаа седум години откако Ријана го издаде својот последен албум „Анти“, но тоа не ја спречува да соборува рекорди.

Добитничката на „Греми“ е првата жена изведувач чии 10 песни достигнаа 1 милијарда стримови на „Спотифај“ – и покрај тоа што нема издадено албум од 2016 година.

Веста за своето достигнување ја сподели на „Инстаграм“ со потписот Bad Gal billi, што е всушност игра на зборови – billion (анг. милијарда) и името на нејзиниот профил Bad Girl Riri (лошата девојка Рири).

„Без нов албум“, додаде Ријана, која според годинешната листа на „Форбс“ е прогласена за најбогата самореализирана пејачка и најбогата жена под 40 години во САД.

Ријана е добитничка на многубројни награди, а ова не е прв рекорд што го соборува. Таа има освоено девет „Греми“, 13 Американски музички награди (American Music Awards) и 12 музички награди „Билборд“ (Billboard Music Awards).

Славната пејачка е сопственик на шест Гинисови светски рекорди. Пред 13 години стана единствената жена изведувач што имала четири сингла на прво место на американската топ-листа во една календарска година.

Ријана исто така е првата пејачка што имала синглови на врвот на британската топ-листа пет последователни години, од 2007 до 2011 година. За споредба, само Елвис Присли и „Битлси“ имаат повеќе.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....