14.8 C
Скопје
02:37 - 23 октомври, 2026

(ФОТО) РИЈАНА и нејзиното бебе Fashion Killa фотографирани од Ени Лејбовиц за „ВОГ“: „Не мислам да купувам облека од бутици за трудници!“

Американскиот фотограф ја овековечи бремената поп-ѕвезда, која ги препиша модните правила за време на бременоста: „Премногу е забавно да се облекуваш добро. Нема да дозволам тој дел да исчезне бидејќи моето тело се менува“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Нашата лична модна „убица“ на насловната страница на ВОГ!!“, напиша Ријана на Инстаграм, постирајќи фотографии од славната фотографка Ени Лејбовиц, која ја овековечи бремената поп-ѕвезда на страниците на Вог.

Резултатот е едноставно прекрасен. За време на бременоста, Рири успеа да направи нешто навистина несекојдневно за светот на модата и трендовите, сама препишувајќи ги правилата и уривајќи ги веќе поставените за жените кои се во бременост.

На социјалните мрежи таа го нарече нероденото дете „Fashion Killa“, мислејќи на истоимената песна од 2013 година, во соработка со A $ AP Rocky, раперот, партнерот и иден татко на нејзиното дете. Навистина романтична посвета, со оглед на тоа што во времето на појавувањето на песната, една од првите хитови во нејзината кариера, тие двајца сè уште не беа заедно.

За мајското издание на Вог, како што на Инстаграм објави и списанието Вог, Ријана отворено зборува за модата, љубовта и што значи за неа да е трудна.

„Премногу е забавно да се дотеруваш. Нема да дозволам тој дел да исчезне зашто телото ми се менува“, изјави ѕвездата и бизнисменка од Барбадос за Вог, нагласувајќи дека уште кога останала бремена решила да не пазари во специјализирани продавници за трудници.

Така, таа превртува со очите на темата фармерки за трудници. „Ако тоа не е нешто што би го носела пред да забремени, тогаш тоа не е нешто што ќе го носам ни сега“ иако, вели дека нејзиниот обем се менува од час во час, таа не мисли да си го менува уникатниот стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....