6.8 C
Скопје
19:44 - 19 март, 2026

Режисерот М.Најт Шјамалан емотивно за БРУС ВИЛИС: „Тој секогаш ќе биде херојот од мојот постер на ѕидот како дете, на Вилис му ја должам кариерата!“

По тажната вест за збогувањето на Брус Вилис со филмот, режисерот на „Шестото сетило“ М.Најт Шјамалан, кој неколку пати соработувал со актерот, сакаше да ја сподели својата тага.

Шјамалан е само еден меѓу многубројните холивудски уметници кои во последните денови ја изразија својата блискост и својата наклонетост кон саканиот актер, кому му беше дијагностицирана афазија, јазично нарушување предизвикано од оштетување на мозокот што ја принуди ѕвездата да се повлече од актерството.

Режисерот има соработувано неколку пати со Вилис, а меѓу славните нивни филмови се и „Шесто сетило“, „Нескршливи“, „Сплит“ и „Стакло“.

Ова се неговите зборови:

„Со сета моја љубов и почит кон мојот постар брат Брус Вилис“, напиша Шјамалан во твит. „Знам дека неговото прекрасно семејство го опкружува со поддршка и му дава сила. Тој секогаш ќе биде херојот од мојот постер на ѕидот кога бев дете“.

Режисерот се осврнува на постерот на филмот „Умри машки“ кој бил закачен во неговата спална соба кога бил дете, како што раскажа во интервју за ТАСС во 2019 година.

„Многу му должам, навистина му ја должам мојата кариера, да бидам искрен. Ниедно момче на 24, 25 годишна возраст не пишува филм со суперѕвезда која му вели „да“ и успева да го реализира токму на начин каков што сакав. Ги имав сите овие луди теории за снимање филм и тој ми дозволи да го направам сето тоа“.

На крајот, режисерот заклучува дека треба да се преиспита повторно одлуката на наградите Razzie (Наградите Златна Малина се пародија во чест на најлошите филмски (не)достигнувања) за одземање на наградата доделена на Брус Вилис.

5 улоги на БРУС ВИЛИС кои направија да го сакаме уште повеќе: Херој, детектив или починат психолог, ТОЈ можеше да глуми сè!

Слични објави

(Видео) Спектакл за 41-виот роденден на Станија: Мини фустан, шампањ и танц на маса

Еспресо

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

(Фото) „Те носам со себе додека сум жив“: Најдобриот пријател на Драган Лазиќ стави тетоважа во негова чест

Еспресо
Се вчитува....