34.8 C
Скопје
15:02 - 10 септември, 2026

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Ретка приказна за легендарниот композитор Кире Костов се појави на социјаните мрежи. На 27 јули ќе се навршат три години од неговото заминување во вечноста.

На фотографијата споделена на страницата „Битола стари фотографии“, може да се види почитуваниот композитор, диригент и музички педагог Кире Костов, во своите помлади денови, за време на час по труба со тогаш младиот Васко Ламбевски.

Ова црно-бело сведоштво нè враќа во училниците каде што се коваше иднината на македонската забавна и сериозна музика. Кире Костов, кој со децении важеше за синоним за професионализам, и безграничен талент, на фотографијата е прикажан како будно и со силен фокус го следи секој тон на својот ученик.

Познат по својот огромен придонес како долгогодишен диригент на Танцовиот оркестар на МРТВ, но и како автор на некои од најубавите евергрини без кои не поминува ниту еден фестивал, Костов на оваа слика ја покажува и својата благородна педагошка страна.

„Кога треба да зборувам за љубовта на мојот живот е многу лесно и многу тешко. Со мојот Кире, животниот пат беше музика, возбудлива, радосна, а некогаш и тажна“, напиша Кармен Костова во монографијата за нејзиниот сопруг, славниот композитор Кире Костов која се промовираше во октомври минатата година во Скопје, а чиј издавач е таа.

Книгата ја напишаа музикологот Марко Коловски и професорката по пијано и музичка публицистика Снежана Чадиковска-Анастасова.

Љубовта на Кармен и Кире Костови започнала во Битола, кога таа имала 18, а тој 19 години. Кармен и Кире учеле заедно во средното музичко училиште. На секој одмор помеѓу часовите тој им ги свирел хитовите на „Битлси“, Арета Френклин, Тина Тарнер, Арсен Дедиќ и други. Кармен Костова е пензионирана професорка по пијано, а и нивните две ќерки се определија за музика. Нина Костова-Јаневска е пијанист и професор по пијано, а Ана Костадиновска професор по пеење и придружен вокал на повеќето македонски поп-ѕвезди и манифестаци.

На 11 ноември лани во Националната опера и балет се одржа концерт во чест на легендарниот музичар Кире Костов насловен „Летај галебе“. Познати пејачи со голем оркестар ги пееја песните кои тој ги напишал.

Слични објави

(Фото) Вељко ја покажа Богдана без шминка и филтер: Во сино бикини блесна на Кипар, а тој ги покажа мускулите

Еспресо

(Фото) Дора, сестрата на Тоше Проески, сподели ретка семејна приказна со синовите Кристијан и Никола

Еспресо

Лепа Брена откри какви автомобили има: „Еден ми е само за на пазар“

Еспресо

Мартин Вучиќ по долго време се појави во јавноста со приватна приказна

Еспресо

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Еспресо

Порасна синот на Весна Петрушевска – се огласи Кирил по шест години живот во Америка

Еспресо
Се вчитува....