Кој вели дека разводот мора да остави трага? Никол Кидман на црвениот тепих во Њујорк им покажа на сите дека не мора да биде така. Во проѕирна, секси креација на Schiaparelli буквално ги украде сите погледи и докажа дека по разводот од Кит Урбан изгледа многу подобро и посреќно. Сите сè уште зборуваат за нејзините блиски моменти со долгогодишниот пријател Симон Бејкер, а изгледа дека целата таа ситуација ѝ годи повеќе од кога било.

Откако глумицата во средата вечерта се појави на њујоршката премиера на новата Apple TV+ серија Margo’s Got Money Troubles, фокусот се префрли на нејзиниот зачудувачки нов изглед, а фановите не престануваат да коментираат дека изгледа многу посамоуверено.
Иако австралиската ѕвезда својот релативно ненадеен развод го финализираше дури во јануари годинава, на нејзиното лице нема ни трага од тага. Последните месеци буквално блеска, а нејзиното последно појавување на црвениот тепих само го потврди она што сите одамна го мислат, пишуваат странските медиуми.

„Разводот ѝ стои одлично!“, напиша еден фан на интернет коментирајќи го нејзиниот „глоу-ап“ по крајот на 19-годишниот брак.
„Изгледа навистина среќна без Кит“, коментира друг, додека трет додаде: „Секоја ѝ чест, мора да продолжи со својот живот.“ Лавината коментари продолжи: „Ова е најдоброто издание на Никол што сум го видел со години“, а некој се согласи: „Изгледа подобро од кога било!“

Никол Кидман беше во одлично расположение, разговараше со обожаватели кои со часови ја чекаа пред киното, па дури се наведна за да направи селфи со еден од нив. На самиот црвен тепих позираше од сите агли пред фотографите, покажувајќи ги своите витки нозе во високи црни платформи.
View this post on Instagram
