03:06 - 10 јануари, 2026

Разговор со Мето Јанакиевски, пантомимичар: Ако јас не верувам дека постои срце во мојата рака, никој нема да ми верува

Активно се занимава со пантомима од 2012 година. Негови ментори се Александар Илиев од Бугарија и Трајче Ѓоргиев од Македонија. Има настапувано на голем број фестивали на пантомима и физички театар, меѓу кои и националните: Панфиз (Македонија), со претставата „Скопје 63“, Фантомфест – Србија, Фестивал за танцов театар (Разград, Бугарија), со претставата „Еден ден, цел живот“, каде ја доби наградата за најдобар пантомимичар.

фото – приватна архива

– Да се биде пантомимичар значи да се занимавате со дејност со која ќе можете да се разбирате на сите јазици во светот. Нема јазична бариера, а можете да покажете емоции, или не. Започнав со пантомимата најмногу поради тие експресии на лицето, а моѓе и тоа дека имав некаков талент, поради физичките движења. Ги обожавав Мајкл Џексон, Џим Кери, Робин Вилијамс и уште како мал почнав во драмските студиа да го надградувам мојот талент – вели Мето.

Пантомимата е уметност без зборови со која зборуваме со погледот, експресиите и движењата на телото. Во светски рамки пантомимата е ценета уметност.

– Пантомима е посебен вид на уметност, единствен начин на комуникација со надворешниот свет и други луѓе. Со превод од грчки јазик овој збор значи „оној кој ги прикажува сите”. Така, пантомимичар – еден вид на театарска претстава, во која основното значење на настанот се пренесува со гестови, а не со зборови – објаснува тој.

Од 2012 година, Мето почнува активно да се претставува со пантомимата кај нас. Своја улога имал во разни видео записи, реклами, но својата точка ја споделува и на детските родендени и прослави.

– Секогаш изнудувам насмевка на лицето и што е најдобро сите ме разбираат иако не зборувам. Пантомимата е ретка кај нас и на прсти можат да се избројат луѓето во Македонија што го прават ова. Дури и мои колеги артисти се фокусираа на други работи, поради тажниот период во кој живее човештвото сега – раскажува Мето.

фото – приватна архива

На Фестивалот за танцов театар (Разград, Бугарија), со претставата „Еден ден, цел живот“,  ја доби наградата за најдобар пантомимичар.

– Треба да се работи многу, да се вежба пантомимата, но треба да се поседува и дарба и креативност. Ако не сум интересен нема да го задржам вниманието на детето, тогаш јас не сум задоволен, а ни децата нема да го добијат тоа задоволство кое го очекуваат. Со пантомимата ја будам насмевката и позитивната енергија која ја поседуваат децата. Ако јас не верувам дека постои срце во мојата рака, никој нема да ми верува. Пантомимата не е страшна, може да ме гледаат и разбираат  деца од 2 годишна возраст па до тинејџерите – објаснува Мето.

Досега никој не му се налутил на Мето, напротив задоволние и насмеани лица го поттикнуваат да продолжи понатаму.

– Сите сакаат да се сликаат со пантомимичарот онаму каде што настапувам. Јас за нив сум еден позитивен лик кој ја менува атмосферата и расположението кај луѓето.

фото – приватна архива

Постои и Светски ден на пантомимата, познат и како Меѓународен ден на пантомимата – ден посветен на мимиката, пантомимата, немиот филм и невербалната комуникација, кој се одбележува на 22 март, денот на раѓањето на познатиот француски глумец и мимичар Марсел Марсо. Според Светската организација на пантомимичари, со овој ден пантомимата се празнува како “јазикот на мирот”.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....