12:28 - 5 декември, 2025

Рани знаци кои ќе ви помогнат во препознавањето на 10 сериозни болести

Колку и да се пишува и предупредува, многумина од нас и понатаму не знаат кои се најчести симптоми на многу болести, како ракот на кожа, дијабетесот, нарушување во исхраната…
Раната дијагноза може да спаси живот. Ова е листа на рани симптоми на многу сериозни болести.

Дијабетес

Раните симптоми вклучуваат:
– зачестено уринирање;
– заматен вид;
– губење или добивање телесна тежина без причина;
– нагласена жед;
– модринки или рани кои бавно заздравуваат;
– необјаснив замор;
– трнење и болка во рацете.

Рак на кожа

Најчести симптоми се:
– здебелување и црвенило на кожата;
– црвенило на лицето и вратот;
– нови бенки;
– промени на бенките;
– кожни лезии кои не заздравуваат.

Болести на мускулите или зглобовите

Симптоми се:
– константна болка во мускулите;
– трнење;
– отекување, воспаление, вкочанетост или црвенило во или околу зглобовите;
– намалена можност за движење.

Белодробни болести

Симптомите вклучуваат:
– искашлување крв;
– хронична кашлица (трае подолго од еден месец);
– отежнато дишење;
– краток здив;
– хронична болка во градите (трае подолго од еден месец);
– пискав звук при дишење;
– хронично производство на слуз (трае подолго од еден месец).

Болести на дојките

Најчести симптоми се:
– необична чувствителност на градите или болка;
– промени на брадавиците или кожата на градите;
– јазли;
– јазли под пазувите;
– исцедок од брадавицата.

Проблеми со репродуктивното здравје кај жените
Вообичаени симптоми се:
– изразено болни менструални циклуси;
– јадеж во пределот на гениталиите;
– зачестено уринирање;
– серизона абдоминална болка или болка во карлицата;
– невообичаен вагинален исцедок;
– крвавење меѓу менструациите.

Дигестивни тегоби и проблеми со желудникот
Симптоми се:
– пролив;
– крв во столицата;
– повраќање крв;
– промени во рутината на празнење на цревата;
– ректално крвавење;
– рефлукс и ждригавица;
– запек.

Проблеми во уринираниот систем

Симптомите вклучуваат:
– болно или зачестено уринирање;
– крв во урината;
– ноќно уринирање во кревет;
– губање на контрола на мочниот меур;
– претерано уринирање во текот на ноќта.

Нарушување во исхраната или проблем со тежината

Симптоми се:
– Искривена слика за своето тело;
– Дехидратација;
– Хроничен замор;
– Депресија;
– Повраќање;
– Претерана глад;
– Гладување;
– Опседнатост со храна и со телесната тежина;
– Компулсивно вежбање;
– Нагласена жед.

Длабока венска тромбоза

Може да ја следат овие симптоми:
– отекување на нозете, понекогаш и на рацете;
– болка во нозете или рацете;
– грчеви во ногата или раката;
– сини или црвени промени на кожата;
– нозе и раце топли на допир.
Запомнете дека секој од овие симптоми не мора веднаш да значи дека имате одредена болест. Ако сте забележале некои промени и симптоми кои не се повлекуваат, посоветувајте се со својот лекар.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....