6.8 C
Скопје
18:55 - 19 февруари, 2026

Рафаел Надал откри зошто чекал цели 14 години да ја запроси љубовта на својот живот, Марија Франциска Перело

Заедно се веќе седумнаесет години. Сепак, Рафаел Надал и Марија Франциско Перело се венчаа пред само три години. Рекордерот на грен слем титули сега откри зошто чекале толку долго за да го кажат судбоносното „да“

Марија Франциска Перело, попозната како Ксиска, се омажи за тениската легенда на 19 октомври 2019 година во Мајорка, родниот град на Надал, по четиринаесет години љубов. Раскошната венчавка се одржа во замокот Ла Форталеза, а меѓу 350-те гости беа познатите актери Том Хидлстон, Оливија Колман и Хју Лори.

Надал, кој 14 пати го освои Ролан Гарос во интервју за магазинот „Paris Match“, откри зошто толку долго чекале на тој чекор.

„Се венчавме за да можеме да организираме голема забава. Како и да е, по свадбата нашите животи не се сменија многу. Сепак, по некое време почувствувавме дека дојде вистинскиот момент да го сториме тоа“, изјави тенисерот.

Надал во едно интервју изјави и дека стабилната врска е важна за неговиот успех.

„Во спортот, а особено во тенисот, мора да останете фокусирани, секој ден од животот. Ако не сте емотивно стабилни, сè станува уште покомплицирано“, рече тој.

Се запознале во 2005 година, благодарение на сестрата на Надал, Марија, а после тоа никогаш не раскинувале ниту се разделувале. Парот оттогаш се соочуваше со различни тешкотии и неволји (Надал има синдром Милер-Вајс), но тие не се откажуваат од идејата еден ден да основаат семејство.

„Веројатно тоа ќе се случи во иднина бидејќи и двајцата го сакаме тоа“, изјави Надал за Le Parisien.

Додека Надал учествуваше на турнири ширум светот, 33-годишната Ксиска студираше претприемништво во Лондон. Раздвоеноста на крајот само ги зајакнала нивните чувства.

„Не ми се допаѓа идејата да ги поминувам деновите чекајќи го. Се чувствував како да се гушам и ми беше здодевно. Тој, од друга страна, не можел да остане фокусиран на натпреварите“, изјави Ксиска во една прилика.

Денес, сопругата на Рафаел Надал е важен дел од извршниот одбор на Фондацијата Рафаел Надал, каде што работи.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....