9.8 C
Скопје
12:31 - 1 април, 2026

(Фото) Први фотографии од ќерката на Кеба по 16 години во Белград: Наташа Којиќ снимена пред луксузната семејна вила

Ќерката на Драган Којиќ Кеба и Оља Којиќ, Наташа Којиќ, по 16 години пристигна од Америка во Србија.

Популарната Таша во еден момент излегла пред вилата, си поиграла со кученцето на нејзините родители, пудлица, а потоа тргнала во непознат правец.

Наташа по враќањето во Белград слободното време го искористила и за да се разубави, па денеска посетила фризерски салон во центарот на Белград.

Имено, Наташа ја средила косата, а потоа се снимала додека ја фенирале и во таа прилика немала ниту грам шминка на лицето, па го покажала својот природен изглед.

Инаку, Наташа Којиќ целосно го промени животот кога се преселила во Америка. Таа дипломирала на Универзитетот Беркли во Бостон.

– Се обидуваат да ѝ нанесат болка на ќерка ми и да ме дискредитираат мене и мојата Оља како родители. Наташа беше воспитана на вистински начин и оваа хајка не може да го намали нашиот придонес како родители. Ќерка ми дипломираше на музичка академија со десетка, а потоа во Америка и дипломираше и на Беркли, и тоа како стипендистка – рекол тој, пренесе „Експрес“.

Како што пишуваа тогаш медиумите, ќерката на Кеба имала тежок период во Америка кога јадела по една кифла дневно, а нејзините родители Оља и Драган ѝ помагале финансиски.

Фотографиите од Наташа Којиќ можете да ги погледнете – ТУКА.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....