20.8 C
Скопје
01:44 - 9 септември, 2026

„Прво шлаканица, потоа разговор“: Ќерката на Драган Стојковиќ Босанац си ја отвори душата и проговоре за детството

Александра Стојковиќ Џиџа, ќерката на Драган Стојковиќ Босанац, си ја отвори душата и проговори за своето детство, како и за начинот на кој нејзините родители ја воспитувале.

Пејачката призна дека правилата во нивната куќа биле многу строги и дека родителите барале дисциплина. Таа особено го истакна својот татко, Босанац, за кого вели дека знаел да биде многу строг и немал попустлив пристап кон неа.

Како што изјави, не ѝ било дозволено да преспие кај другарките, а доцнењето не доаѓало предвид. Доколку случајно задоцнела, веднаш следеле сериозни воспитни мерки.

„Кога почнав да излегувам, се знаеше кога морам да си одам дома, ако случајно не се јавам, а имав некоја голема „нокиа“, ако бев на роденденска забава, уште од врата прво ќе добиев шлаканица, па дури потоа ќе имаше разговор, со мајка ми, за да се разбереме. Се знаеше дека нема спиење кај другарките, тоа не постоеше. Моите другарки знаеја некако да се извадат, кај мене тоа не постоеше. Сега е поинаку, живеам сама, но секогаш има контроли, секогаш сум контролирана и не можам да кажам дека имам живот“, рече Џиџа.

Александра откри и колку ја повредувале коментарите на нејзиниот татко за време на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.

„Најмногу ме болеа коментарите на Драган, кога ќе почнеше да ме критикува на телевизија пред луѓето. Си мислев, дали е можно човеков да го зборува ова? Ја гледав мајка ми и заборавав дека сум на сцена. Таа е секогаш на негова страна и Драган е секогаш во право за сè. Исто беше и кога брат ми растеше. Драган и јас се караме, по десет минути се прегрнуваме. Си кажуваме секакви работи, всушност тој мене, јас нему не смеев затоа што ќе имаше крвопролевање во куќата. Мајка ми вели дека јас ќе се омажам, брат ми веќе живее со девојката, таа ќе остане со него. Реално би сакала да имам брак како нивниот, тие се во љубов од средно училиште, горда сум што останале заедно толку многу години“, призна Џиџа, пренесе Mondo.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....