7.8 C
Скопје
17:29 - 19 февруари, 2026

Прво лице анфас со Иво Антов: Ценам луѓе со личен став

Одговара: Иво Антов, електроинженер по струка, татко на Иво, Мариго, Вилен и Дарен; продуцент, режисер, организатор, поранешен радиоводител, човек со вечна насмевка и секогаш полн со изненадувања. А наскоро подготвува уште едно за публиката, кое засега останува тајна.

фото – приватна архива

Главниот позитивен аспект на твојата личност.
– Позитивизмот.

Кои квалитети ги цениш најмногу кај мажите?
– Имање личен став и чесност, пред сè.

Кои квалитети најмногу ги цениш кај жените?
– Истото.

Твоите главни карактеристики.
– Широка насмевка, променлив волумен, уста слатко-погана.

Што најмногу цениш кај пријателите?
– Лојалноста.

Твојот главен недостаток/мана.
– Да е една…

Твоето омилено занимање.
– Готвење и градинарство.

Твојата идеја за среќата.
– Мир во светот и хармонија помеѓу сите битија, вклучувајќи ја и планетата.

Што може да те направи несреќен?
– Сам себе кога ќе се направам.

Ако не си овој кој си, кој би сакал да бидеш?
– Мојот правнук.

Каде/во која земја би сакал да живееш?
– Во некоја каде што сите се смеат и има топло море.

Твојата омилена музика.
– Секоја онаа што знам да си ја испеам, па макар и со та-на-на-на.

Твојот омилен филм или филмски жанр.
– Животот.

Твојот омилен писател, поет или книга.
– Киш и Џовани ми дојдоа онака, на прва.

Твојот омилен суперјунак?
– Атомската Мравка.

По што чувствуваш носталгија?
– По осумдесетти-деведесетти.

Кога би можел да разговараш со кој и да е човек кој кога и да живеел, кој би бил тоа?
– Никола Тесла.

Дали се извинуваш, дали ги признаваш грешките кога ќе згрешиш?
– Да.

Омилено место за одмор.
– На некоја мека фотелја.

Кафето е…
– Поздрав на сонцето.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо
Се вчитува....