7.8 C
Скопје
11:00 - 1 април, 2026

ПРЕКРАСНО! Слушнете ја „Починка“ од Конски во блузерски стил од Банкрот Блуз Бенд

Песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ доби и своја видео приказна.

Спотот, кој денеска е премиерно пуштен пред јавноста, е снимен на вистинска локација, во кафе-барот „Олд Скул“ во центарот на Скопје, а го режираше Димитар Маневски.

Инаку, „Починка“ е првпат изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, а ја отпеа познатата хрватска пејачка Зденка Ковачичек. Музиката е на Љупчо Константинов, а песната е дело на Блаже Конески.

Да потсетиме,

После 30 години, легендарните „Банкрот блуз бенд“ – Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе се собраа повторно за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.

Песната е обработена во нивен препознатлив блузерски стил. Аранжманот го направи Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски – Тралала студио.

– Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна! – порачува бендот, а ние се радуваме на нивното враќање на сцената!

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....