9.8 C
Скопје
20:12 - 21 март, 2026

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Во 50-тите години на минатиот век се случи голем културен пресврт, кога на филмот почна да се прикажува сексуалноста на поотворен начин. Една од клучните фигури на тоа време беше Брижит Бардо, која со својот изглед и став предизвикуваше контроверзии и се спротивставуваше на тогашните општествени норми. Таа стана симбол на новата, слободна женственост и брзо привлече внимание од публиката. Нјзиниот пробив беше обележан со филмот „И Бог ја создаде жената“ (And God Created Woman) од 1956 година, во режија на Роже Вадим.

Филмот ја следи младата и слободоумна Жулиет, која ја игра Бардо, а чие однесување предизвикува скандали во мало општество. Таа е опкружена со мажи маѓепсани од нејзиниот изглед, но и збунети од нејзината независност и желби. Нјзината сексуалност и импулсивност ја движат приказната и односите меѓу ликовите. Токму таквиот приказ на жената беше нешто што публиката до тогаш немаше можност да го види, пишува Far Out Magazine.

И покрај контроверзиите, Бардо брзо стана ѕвезда

Особено внимание предизвикаа сцени кои за тоа време се сметаа за екстремно провокативни. Бардо се појавува во сцени кои ја нагласуваат нејзината сензуалност, како на пример лежење на сонце или заносно танцување. Таквите сцени шокирале дел од публиката и предизвикаа бурни реакции. Филмот поради тоа во некои држави во САД бил цензуриран, па дури и забранет.

И покрај контроверзиите, филмот оствари голем успех и Бардо брзо стана светска ѕвезда. Забраните не траеја долго, бидејќи општествените ставови се менуваа брзо. Публиката почна да прифаќа поотворен приказ на сексуалноста на филмот. Така, „И Бог ја создаде жената“ стана едно од клучните дела на тоа време.

Симбол на сексуалната слобода

Преку овој филм, Бардо стана симбол на сексуалната слобода, но и предмет на критики. Од една страна, таа претставуваше нова слика на жената, а од друга често беше прикажувана низ перспектива која ја нагласуваше нејзината убавина. Нејзиното влијание беше огромно и ја обележа популарната култура со децении. Таа остана запаметена како една од најважните фигури во промената на начинот на кој жените се прикажуваат на филмот.

Слични објави

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Мистериозниот дечко на Дара Бубамара со приватен авион пристигна во Црна Гора од Дубаи

Еспресо

(Видео) Вака изгледа кога Јелена Розга и Нина Бадриќ спонтано ќе ги спојат гласовите!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Рада ѝ одговори на Карлеуша: „Не поднесувам лаги и ситни сплетки“

Еспресо

Во пресрет на Младенци: Тајната на совршените „младенчиња“ – зошто се прават со мед и каква симболика носат?

Еспресо
Се вчитува....