08:47 - 4 април, 2026

Предизвика хаос: Ѕвезда на ОнлиФенс се кандидираше за градоначалничка на Мајами

Кубанската пејачка и ѕвезда на Онлифенс, Сејди Ла Ниња, штотуку ја започна својата кампања за да стане следниот градоначалник на Мајами и веќе предизвикува хаос.

 


Кубанската хитмејкерка Сејди Карера, попозната како Сејди Ла Ниња, користи вулгарна содржина од ОнлиФенс за да ја финансира својата кампања за градоначалничка на Мајами, но се соочи со негативни реакции.

Сејди Ла Ниња влезе во трката за градоначалничка во саботата (28 јуни) и на својот инстаграм-профил потврди дека ќе се кандидира на изборите, што беше големо изненадување за нејзините следбеници.

Во видеото, Сејди била скромно облечена во сино палто, со бели бисери и со мошне институционална позадина. Пејачката поставила постер на кој навела дека го напушта својот гламурозен начин на живот за „нешто посериозно и пополитичко“. На фотографијата бил напишан слоганот: „Избори 2025. Сејди Карера за градоначалничка. Подобар Мајами-Дејд во 2025 година“.

 


Вклучувањето на пејачката, која долго време е на платформа за возрасни, во изборите предизвика контроверзии и поделени мислења помеѓу обожавателите и следбениците, кои не беа сигурни дали нејзината кандидатура е шега.

Еден корисник е бесен поради можноста таа сериозно да се кандидира за градоначалничка и бесно напиша: „Го претворија Мајами во циркус!“

Меѓутоа, други корисници беа поскептични кон намерите на Сејди и тврдеа дека таа се кандидира за градоначалничка од маркетиншки причини – за да го промовира својот претстоен албум.

Други ја поддржаа ѕвездата на ОнлѕФенс која одлучи да се обиде во политичката игра, а еден обожавател напиша: „Ова навистина се загрева, сега ни треба градоначалничка која добро ‘меша’“.

Сејди наговести дека ќе ја финансира својата кампања со пари од „непристојната содржина“.

Во една бизарна објава што ја сподели со своите следбеници, таа изјави:

„Сега најдов на што ќе ги потрошам парите. Откако толку многу размислував, знам што сакам да направам – ќе се кандидирам за градоначалничка на Мајами“, пренесе „Дејли стар“.

И покрај недостатокот на јавна политичка идеологија, Сејди рекла дека е страсна во служењето на својата локална заедница.

„Се чувствувам како да сум во совршени години, се чувствувам како да сум во добар момент, се чувствувам како да сум поподготвена од сè“, воодушевено извикала таа.

Провокативна пејачка Сејди објасни дека ќе „треба да промени две или три ситници“, како и „малку да ги ублажи своите тонови“.

Меѓутоа, таа ја опишала ситуацијата како „најдобра за неа“ – додека наизменично зборуваше англиски и шпански јазик за да создаде возбуда за својата кампања.

 

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....