08:21 - 14 ноември, 2026

Познатиот српски јутјубер излажа дека е претепан: Објави вознемирувачка фотографија, а сега се огласи

Српскиот јутјубер Данило Бадњар, попознат како Чода, неодамна предизвика општа врева на социјалните мрежи, кога сподели вознемирувачка фотографија, со која ги извести своите бројни следбеници дека бил нападнат на улица.

Тој на своите следбеници на споменатата социјална мрежа им откри дека бил нападнат на улица, и дека насилниците му пришле одзади и дека поради инцидентот морал да оди во Ургентен центар, а сега во живо на Јутјуб кажа дека „ тоа била шега што е сфатена сериозно“.

„Имав проблем со усната, проблем со плунковната жлезда. Имав рана, секој што ги гледаше емисиите во живо знае дека претходно ги имав овие проблеми. Отидов на забар да видам што е проблемот, мислев дека е афти, дека сум со некоја гадна риба, а таа ми рече дека сум ја каснал плунковната жлезда. Стоматологот ме пресече, а јас од шала напишав ‘П*чки, ме нападнаа позади грб’ и не мислев дека луѓето ќе го сфатат тоа сериозно“, рекол Чода.

Инаку, Чода е еден од најследените Срби на платформата Јутјуб, каде има повеќе од еден милион претплатници.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....