Српскиот рапер Игор Паниќ, попознат како Нучи, ги загрижи своите следбеници откако сподели објава на својата инстаграм-приказна во која покажува дека му била укажана лекарска помош.
Се чини дека Нуќи морал да остане во болница за да прими инфузија, а не ја навел конкретната причина.

Нуќи неодамна проговори за своите приватни желби и планови.
– Премногу е далеку да се планира што ќе се случи за 30 години, но за 20 би сакал да бидам малку почесто надвор од градот, да се реализирам како татко и да постигнам музички цели што досега не сум ги постигнал. Има два или три ставки што ми недостасуваат – раскажал Игор.
Покрај тоа што се занимава со музика, тој започнал и бизнис.
– Од тие мои инвестиции, бургерите најмногу се гледаат, но тука има уште многу други работи од страна што ги правам. Велам од страна затоа што музиката е моја професија што ми дозволува да се занимавам и со други работи, но музиката е сè уште центар на моето постоење и не планирам засега да ја менувам позицијата на приоритет. Тоа ми е детски сон и ме одржува млад – признал тој неодамна за медиумите.
