5.8 C
Скопје
06:38 - 1 април, 2026

Познатиот музичар од Босна и Херцеговина почина на 41-годишна возраст

Музичарот и мултидисциплинарен уметник, Силвано Комазец од Босна и Херцеговина, почина на 41-годишна возраст, пишува „Кликс.ба“.

Силвано е роден во Добој. Тој е еден од основачите на групата „Игуана“. Свиреше на тапани во бендот „Реанимација на потсвеста“ поради губење на слухот, а беше и фронтмен на групата „Корак 2“.

Беше член на Здружението на композитори – музички творци „АМУС“. Оваа организација се прости од него на социјалните мрежи. Сочувство изразија и вработените во РТВ Добој каде што тој порано работеше.

„Веселоста на духот и покрај болеста е она по што колективот на РТВ Добој секогаш ќе го памети Силвано, кој остави голема трага за својот краток престој на овој свет“, велат тие.

Силвано беше активен на ТикТок, објавуваше смешни видеа, а го следеа речиси 90.000 луѓе.

Тој ќе биде погребан на трети септември на гробиштата во Прибиниќ.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....