00:46 - 3 април, 2026

ПОТРЕСНА ФОТОГРАФИЈА: Од Олимпијада во војна – украински спортски шампион со бебенцето на гради од премореност заспал во скривницата

Пред еден месец тој го прослави деветтото место на Зимските олимписки игри во Пекинг со своите спортисти-соучесници во штафетата, а денес Бохдан Цимбал, украински спортист, шампион во биатлон, е во центарот на ужасот на војната.

Потресната фотографија од украинскиот спортист Бохдан Цимбал „кружи“ на социјалните мрежи. На фотографијата тој е со новороденото синче кое му спие на градите, во близина на бомбите кои паѓаат насекаде наоколу нив.

Фотографијата е објавена на Твитер од страна на украинскиот парламент, и секако никој не може да остане рамнодушен, или поточно да не се потресе од глетката. Оваа фотографија е уште едно сведоштво во низата сведоштва за грдото лице на војната.

Сигурно дека Цимбал само еден месец претходно не би ни сонувал за ваква драматична парабола во неговиот живот, за тоа дека деновите што следуваат ќе биде принуден да ги минува во подрум претворен во засолниште, во Чернихив.

Руските бомби продолжуваат да паѓаат низ целата земја и најмалку 71 дете е убиено во Украина од почетокот на офанзивата на 24 февруари, според комесарката за човекови права на Украинскиот парламент, Људмила Денисова.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....