13.8 C
Скопје
11:17 - 10 март, 2026

„Постои една жена…“: Харис Џиновиќ проговори за својот љубовен живот по разводот од Мелина

Пејачот Харис Џиновиќ присуствуваше на свечена вечера во Белград и за тамошните медиуми зборуваше за својот љубовен живот. Имено, Харис се разведе од сопругата Мелина минатата година по 22 години брак, а по разводот, тие не останаа во добри односи.

Иако ретко зборува за својот приватен живот, сега им призна на српските медиуми дали има нова жена во неговиот живот.

„Постои една жена, но нема жена што ми ги прави очите да светкаат. Ниту една не успеала да ми го освои срцето досега“, рекол тој.

Сепак, и покрај разводот и фактот дека сè уште не ја пронашол љубовта, музичарот не ја криеше насмевката на лицето.

Неодамна, музичарот призна дека сака повторно да се заљуби, но и дека има посебни барања за својата идна партнерка.

„Сега сум слободен човек. Емоционално достапен. Таа мора да биде нормална! Мора да има совест, да има толеранција, да биде вредна. Љубовта може да биде и допир на раката, а кога ќе заврши во кревет… Жените мора да имаат став. Сите луѓе треба да имаат став“, изјавил претходно за српските медиуми.

Џиновиќ официјално се разведе од Мелина во март 2024 година, а во тоа време и остро ја критикуваше. Мелина не се појави на суд тој ден, а нејзиниот поранешен сопруг рече дека таа се дружела со жени со сомнителен морал и минато.

Слични објави

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо
Се вчитува....