12:41 - 5 декември, 2025

Постигнат договор за ембарго на руска нафта, но со исклучок на гасовод кој ги снабдува Унгарија, Чешка и Словачка

Стоп за увоз на руска нафта но само по морски пат; санкциите го изземаат гасоводот Дружба, кој ги снабдува Унгарија, Чешката Република и Словачка. 

Договор, да, но „со услов“: вака би можело да се сумира зеленото светло за ембаргото на руската нафта што вчера се донесе на европскиот самит во Брисел. 27-те лидери, на крајот на тешките и долги преговори, особено тешки поради „не“-то на унгарскиот премиер Виктор Орбан и другите источноевропски држави, конечно се договорија за стопирање на 90 отсто од увозот на руска нафта.

Урсула фон дер Лајен вечерта напиша на Твитер: „Го поздравувам договорот на Европскиот совет вечерва за нафтени санкции против Русија. Ова ефикасно ќе намали околу 90 отсто од увозот на нафта од Русија во ЕУ до крајот на годината“.

Претседателката на европската комисија потоа ги охрабри земјите-членки да продолжат со „RePowerEu“ за да ја намалат зависноста од рускиот гас, нафта и јаглен што е можно поскоро. За да се постигне тоа, неопходно е „да се заштеди енергија, да се диверзифицира, да се инвестира во обновливи извори“, пишува таа на Твитер.

Вонредниот совет на Европската унија, всушност, не беше свикан само за да се реши ќор-сокакот со нафтата, туку агендата вклучуваше и тесна дискусија за клучните прашања како што е планот на ЕУ да се ослободи од зависноста од гас од Русија и да се постави енергетска автономија со обновливи извори на енергија.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пак, напиша на Твитер: „Европскиот совет е подготвен да ѝ додели на Украина 9 милијарди евра“ како макрофинансиска поддршка и додаде дека „ааедно со Г7, ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина да ги исполни своите непосредни потреби за ликвидност“.

„Постигнат е договор, Унгарија е изземена од ембаргото за нафта! – напиша премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во објава на Фејсбук.

Алтернативата за која пишува Орбан е всушност поентата која се фокусираше на тоа да се даде ослободување на оние држави кои најмногу зависат од енергија од Русија,  како Унгарија, Чешка и Словачка, па така, договорот за ембарго важи само за пристигнувањето на залихи по морски пат. А беше дозволено гасоводот Дружба (кој ја снабдува Унгарија) да биде изземен од оваа мерка.

фото-инстаграм

Според тоа, договорот предвидува итно ембарго на нафтата што пристигнува од Русија во ЕУ по морски пат, истовремено одложувајќи го прекинот на суровата нафта што се транспортира преку гасоводот Дружба.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....