9.8 C
Скопје
17:48 - 20 февруари, 2026

Поранешниот шпански крал откри што навистина мисли за својата снаа, кралицата Летиција: Не можам да ја поднесам!

Откако во Шпанија почна да се прикажува документарната серија „Los Borbones, una familia real“, контроверзите поврзани со неа не престануваат, особено делот кој прикажува како шпанското кралско семејство се противело Летиција Ортиз да стане нивна членка.

Таа била новинарка, разведена жена и внука на еден сосема обичен таксист, па не е чудно што шпанското кралско семејство тешко ја примило веста дека принцот Фелипе се гледа со убавата Летиција Ортиз. Но, ништо од тоа не му пречело на Фелипе. Всушност, во 2004 година ја однел пред олтарот, а десет години подоцна, кога станал крал, Летиција беше прогласена за кралица на Шпанија.

Најголем противник на нивната љубов бил таткото на Фелипе, тогашниот крал на Шпанија Хуан Карлос, кој последните години, по абдицирањето и стравот од кривично гонење, живее во егзил. Што се правел за да ги раздели, откри новата документарна серија „Los Borbones, una familia real“, за која зборува цела Шпанија во последниве недели.

Четвртата, од шесте снимени епизоди, настанала со комбинација на архивски снимки и необјавени интервјуа, кои во фокус го стави животот на кралицата Летиција. Хуан Карлос, кој абдицираше во 2014 година, без двоумење изјави за својата снаа: „Не ја поднесувам!“

Но, тоа не е единственото нешто што е откриено. Новинарката Ана Пастор откри и интересни факти:

„Знаев дека на кралот тогаш не му се допаѓаше новинарката и дека на различни начини се обидуваше да ја спречи врската на Фелипе со неа. Она што не го знаев е дека имаше цела кампања оркестрирана против Летиција и однадвор и одвнатре, толку брутална што ѝ предизвика само грижи.“

Документарната серија открива дека другите членови на кралското семејство не биле премногу воодушевени за врската на Летиција и Фелипе, дури и откако тие станаа официјална двојка и таа доби неверојатна популарност во медиумите, но и кај народот. Какво мислење имале за неа Хуан Карлос и неговата најстара ќерка Елена покажуваат и фотографиите од денот на свадбата на идната кралска двојка, на кои јасно се гледаат нивните намуртени лица.

Слични објави

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо
Се вчитува....