7.8 C
Скопје
21:30 - 31 март, 2026

Поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху води на изборите во Израел

Партијата Ликуд на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху води на изборите со 30 пратенички места, пренесуваат израелските медиуми.

На второ место е партијата Јеш Атид на актуелниот премиер Јаир Лапид со 22 пратенички места.

Најдолговечниот израелски премиер, кому му се суди за корупција, би требало да добие 61 или 62 пратенички места од 120, според излезните анкети на израелската телевизија.

Претходно беше објавено дека во Израел на 1 ноември во 7 часот по локално време беа отворени избирачките места за предвремени парламентарни избори.

Ова се петти парламентарни избори од 9 април 2019 година. Врз основа на нивните резултати ќе се утврдува составот на Кнесетот (парламентот) на 25-тото свикување, а потоа ќе започне процедурата за формирање владина коалиција. Доколку биде успешен, новата влада и премиерот ќе положат заклетва.

На овие избори гласаат 6,78 милиони избирачи: тоа се државјани на земјата над 18 години кои се на денот на гласање во Израел или во странство на официјални службени патувања.

 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....