5.8 C
Скопје
00:39 - 1 април, 2026

Поранешната аргентинска претседателка „жртва на фашист“: Кој се обиде да ја застрела и зошто

Обидот за атентат врз аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер беше извршен во Буенос Аирес од страна на бразилски државјанин. Пиштолот со кој бил вооружен напаѓачот се заглавил и не испукал куршум, иако ѝ бил вперен директно во лицето на политичарката. Бразилецот е уапсен.

Во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, маж вооружен со пиштол се обидел да ја застрела потпретседателката на земјата Кристина Фернандез де Киршнер, објави тв каналот Тодо Нотициас.

Обидот за атентат се случил вечерта на 1 септември, во близина на куќата на политичарката – таа стоела во близина на нејзиниот автомобил и разговарала со граѓани.

Во тој момент, 35-годишниот Бразилец Фернандо Андрес Сабаг Монтиел вперил пиштол кон главата на Киршнер.

Познато е дека Монтиел е уапсен, а минатата година полицијата му пронашла нож во автомобилот. Мотивите на напаѓачот не се утврдени.

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез изјави дека обидот за атентат врз Кристина Киршнер е „најлошиот настан од обновувањето на демократијата во земјата“. Денес, втори септември, тој го прогласи за неработен ден.

„Одлучив да го прогласам денот за национален празник, за да може во мир и хармонија народот на Аргентина да зборува во одбрана на животот и демократијата и да изрази солидарност со нашата потпретседателка“, рече тој во вонредното обраќање до нацијата.

Нападот го осудија и венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кубанскиот претседател Мигел-Дијаз Канел, боливискиот претседател Луис Арсе, чилеанскиот претседател Габриел Бориќ и поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва.

„Ја изразувам мојата солидарност со Кристина Кирхнер, која беше жртва на фашист кој не ги почитува различностите. Кристина е жена која заслужува почит од секој демократ во светот. Фала му на Бога, таа не беше повредена“, напиша Лула да Силва на Твитер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....