17.8 C
Скопје
16:41 - 14 март, 2026

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Лепа Брена и нејзиното семејство денеска ја слават куќната слава свети Архангел Михаил, во својата луксузна вила на Бежанијска коса.

Целиот приватен живот на семејството Живојиновиќ отсекогаш бил под будното око на медиумите и јавноста, а покрај успешната музичка кариера, Брена е и жена посветена на бизнисот.

За да постигне сè Брена има и домашен персонал, а домашната помошничка која со години работela за семејството откри детали за газдите.

„Верувајте ми, Брена е исклучителна жена. Таа беше иста за моето семејство како и за нејзиното“, изјавила поранешната куќна помошничка на Брена за локалните медиуми.

„Кога и да завршев работа и да се упатев дома, таа ми подготвуваше храна, овошје, сокови, слатки… Не сакаше ни да слушне дека заминувам со празни раце, а тоа нема врска со платата. Да не зборувам за гардеробата, таа дури и ми купи капути и за сите пригоди ми даваше облека“, ја продолжила приказната поранешната куќна помошничка на Лепа Брена.

„Благодарение на неа, моите деца завршија факултет“, заклучила оваа жена и додала дека и понатаму би работела кај неа доколку била помлада.

Слични објави

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо
Се вчитува....