16.8 C
Скопје
16:14 - 10 март, 2026

Поради БОЛЕСТА НА БРУС ВИЛИС НЕГОВАТА ЌЕРКА РЕШИ ДА ЈА ОТКАЖЕ ВЕНЧАВКАТА, но потоа се предомисли, еве зошто

По долго премислување, една од трите ќерки на Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, реши да ја озакони својата долгогодишна врска додека нејзиниот татко, познатиот холивудски актер, сѐ уште е присебен.

Кон крајот на минатиот месец семејството на Брус Вилис го потврди она што се шпекулираше со месеци – на 67-годишниот холивудски актер му беше дијагностицирана афазија, поради што беше принуден да се пензионира како актер. Афазијата е стекнато губење или нарушување на говорот, говорното изразување или разбирање и е предизвикано од оштетување на мозокот, односно говорниот центар. Експертите велат дека најчесто се дијагностицира кај возрасни кои имале мозочен удар, но може да биде предизвикана и од тумори на мозокот, инфекции, повреди на главата или разни форми на деменција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)

Актерот знаел дека дијагнозата не е добра, што беше потврдено подоцна преку информациите дека го продал својот имот, снимил голем број филмови и се преселил со сопругата и двете помали ќерки во Калифорнија за да биде поблиску до неговите три ќерки од бракот со Деми Мур.

Токму една од ќерките, Талула, имала намера да ги промени плановите поради нејзиниот татко, а сега донела конечна одлука – да ја забрза организацијата на својата венчавка која имала намера да ја откаже поради болеста на Вилис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Талула ги прилагодила плановите за и тој да ужива во првата венчавка на една од неговите ќерки. Таа ќе се омажи за 33-годишниот режисер Дилон Бус, со кој е во долга врска, а венчавката ќе се одржи порано од планираното, за Вилис да биде активен на настанот.

Причината зошто Талула ги забрзала подготовките и не ја одложила венчавката, никого не остава рамнодушен, откри добро упатен извор:

„Тие донесоа заедничка одлука дека најважно им е Брус да биде присутен, но и доволно здрав да ја одведе до олтарот.“

Тоа е важно и за актерот кој сака да помине што е можно повеќе квалитетно време со семејството пред симптомите на афазија да станат посилни и да влезат во нова фаза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....