12:17 - 3 април, 2026

Попоски со метео-прогноза за првата седмица на август: Какво време да очекуваме?

– Уште во текот на првата седмица од август месец, се поголеми се условите на Балканот да пристигне голем пад на температурите, и продор на значително постуден воздух од север, кој ќе го донесе и снегот во Алпскиот регион, а можен е и на највисоките планински врвови во Словенија.

Исто така, првата седмица од август ни носи и се поголеми услови за временски непогоди во регионот, но не и во Македонија. Дали ние повторно ќе се спасиме од големи дождови и невреме, останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Едно е сигурно, падот на температурите доаѓа, и најмногу тоа ќе го почувствуваат земјите од регионот, кој од летни, ќе се префрлат на есенски температури.

Ние во Македонија, освен многу помалку дожд, ќе имаме и малку помал пад на температурите за разлика од регионот, но падот на истите значително ќе се почувствува и кај нас уште во првата седмица од август. Особено значително пониски ќе бидат минималните утрински температури, а далеку попријатни ќе бидат и максималните дневни температури на воздухот.

Август месец ни носи и лето, и есен, врнежи и временски непогоди, па дури и снег. Ако изминатите години снегот во Алпскиот регион се појавуваше во есенските месеци, оваа година тој веќе се појави овој месец, а нови поинтензивни врнежи од снег на алпите се очекува и во август.

Детална анализа околу ова заладување, и кави температури ќе имаме ние во првата седмица од август, но и точно какво време не очекува, ќе дознаете деновиве, кога многу работи ќе бидат појасни – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....