6.8 C
Скопје
11:00 - 21 февруари, 2026

Попоски најавува нови временски непогоди: Нова опасност од појава на крупен град, еве кога

– Следува краткотрајно стабилизирање на Атмосферата во Македонија.

Меѓутоа, за време на викендот повторно на МНОГУ МЕСТА низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сево ова е поради влијанието на новата ПОГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад.

Поради ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, повторно за време на викендот ќе има ОПАСНОСТ од појава на локално и ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕпроследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време (можни локални поплави), олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град и истиот локално повторно би можел да биде ПОКРУПЕН.

Апелираме граѓаните повторно да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ за време на викендот кој доаѓа, и тоа поради ОПАСНОСТА од појава на НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ.

Во Скопје и околината повторно за време на викендот ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на НЕВРЕМЕ, како и на локални поплавувања.

Температурите сепак и покрај ова остануваат ЛЕТНИ, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. И понатаму не очекуваме температури кои се пеколно високи, и за нив ќе се изначекаме а и под знак прашалник е дали ќе ги имаме. Ние ќе имаме далеку попријатни летни температури за разлика од минатото лето, кое беше ПЕКОЛНО ЖЕШКО – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....