8.8 C
Скопје
22:02 - 24 март, 2026

Попоски: Големо освежување на времето, чести врнежи и силен северен ветер!

-Под влијание на студен фронт од север, денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, истите локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со силен северен ветер.  Најмногу дожд се очекува да наврне во југоисточните предели (понекаде над 20 л/м2 воден талог).

Насекаде ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од североисточен правец (локално со брзина од над 60 км/час). Токму ова ќе услови пад на температурите дури за десет степени, и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот само од 16 до 22 степени.

Потоа во следните денови останува ветровито и свежо време со повремен локален дожд.  Особено свежо ќе биде во ноќните и во утринските часови кога понекаде температурата ќе се спушти и под 10 степени.

Во Скопје и околината ќе биде значително посвежо и ветровито, со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд, особено денес. Температурата наутро ќе се спушта до околу 15 степени, максималната пак ќе се искачи до околу 23 степени.

Со овој бран веќе чувствуваме дека есента полека но сигурно ни доаѓа.

Од друга страна пак, од денес попладне па се до петок, соседна Грција, особено централниот дел од државата ја очекува силно невреме и обилни врнежи кои ќе условат и големи поплави кои би можеле да бидат опасни по човечкиот живот. Локално се очекува воден талог дури повеќе од 200-300 литри. Затоа на нашите граѓани ги советуваме во никој случај да не патуваат во оваа наша соседна земја оваа седмица – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....