15:07 - 12 ноември, 2026

Полицијата се сомнева дека Огњен Д. имал соучесник во убиството на Ноа: Ќе се сослушуваат најблиските на злосторникот

Тиктокерката Ноа Миливојев беше брутално убиена и распарчена, а главен осомничен за ова грозоморно злосторство е нејзиното момче Огњен Д.

Огњен бил сомнителен од самиот почеток и бил сослушан како дел од истрагата, тогаш за исчезнувањето на Ноа Миливојев, кое било пријавено на 17 јуни.

Вчера бил врзан со лисици, и притиснат од доказите тој го признал грозоморното убиство.

Но, полицијата се сомнева дека Огњен Д. имал соучесник, и дека дури и самиот да ја убил Ноа, тешко дека сам ќе го распарчел нејзиното тело, пишуваат српските медиуми.

Затоа полицијата во рамките на истрагата одблиску ќе ги испрашува неговите пријатели, познаници и членови на семејството со кои најчесто бил во контакт, како и ќе ги преиспита нивните движења по 17 јуни, кога Ноа последен пат била видена жива.

За потсетување, Огњен Д. (33) е осомничен дека ја убил Ноа Миливојев (18) во стан во центарот на Белград, а потоа ѝ го распарчил телото.

Станува збор за злосторство од страст, односно убиство извршено од љубомора.

О.Д. е уапсен вчера, откако полицијата во бањата од станот ги пронашла остатоците од телото на Ноа Миливојев. Телото било испратено на ДНК анализа, а биле пронајдени и розовите кикички по кои била препознатлива.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи, преку срспките медиуми кои ја објавија денес, почна да циркулира и фотографија од убиецот.

принтскрин

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....