18.8 C
Скопје
16:22 - 13 март, 2026

Пол Макартни со поддршка за Џони Деп, на концерт проектирано видео – публиката врескала „Џони, Џони..!“

Веќе со недели, целиот универзум на ѕвездениот систем на некој начин е вклучен во судењето на Џони Деп и Амбер Херд, но не само светот на кинематографијата, јавноста внимателно го следи судењето на двете филмски ѕвезди кое изобилува со страшни детали и „валкана долна облека“ од нивнито приватен живот.

Сосема суптилно и ѕвездата Пол Макартни ја искажа својата поддршка за Џони Деп.

Но, каква врска има авторот на „The Long and Winding Road“ со судирот меѓу двајцата актери?

За време на еден од последните концерти на Сер Пол, кој се одржа пред три дена во Орландо, Флорида, на концертот бившиот челн на Битлси изведувајќи ја „Мај Валентајн“ презентираше видео зад него на сцената во кое глуми Џони Деп заедно со Натали Портам.

Видеото проектирано зад Макартни и неговиот бенд за време на настапот, ја „запали“ бројната публика која „во лудило“ почнала да го извикува името на ѕвездата на Пиратите од Карибите.

Случајност? Не би рекле, но иако овациите биле огромни за поддршка за Деп, Макартни не одговорил на вресоците на обожавателите.

Сепак, пораката е пренесена. 

Слични објави

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin
Се вчитува....