1.8 C
Скопје
22:41 - 21 февруари, 2026

Почнав да се гушам, Џејмс Бонд ми го спаси животот: Хали Бери раскажа интересна приказна

Американската глумица Хали Бери (53), се јави во емисијата „The Tonight Show With Jimmy Fallon“ и раскажа различни детали за нејзиниот приватен живот, а откри и како колегата Пирс Броснан и го спасил животот.

Profimedia

Пред 18 години таа беше девојката на Џејмс Бонд и на снимањето на филмот соработувала со Броснан. Во една прилика кога требало да снимат една од жешките сцени, Хали почнала да се гуши бидејќи парче смоква и се заглавило во грлото.

Profimedia

„Требаше да бидам секси и заводливо да грицкам смоква, но во еден момент почнав да се гушам од неа. Пирс мораше да стане и да ми направи Хеимличов зафат. Џејмс Бонд знае како да го направи тоа! Ми го спаси животот и секогаш ќе биде една од најмилите личности во мојот живот“, раскажа глумицата.

Неодамна Хали Бери беше на удар на критиките бидејќи објави видео од нејзиниот син како оди на штикли. Бери само сакала да се пошегува со фактот дека на нејзиниот 6-годишен син толку многу му е здодевно, што ги облекол нејзините чевли со штикла, но нејзините фанови не ја прифатија најдобро нејзината шега.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Семејството Чолиќ повторно во проблем: Уна се огласи – „затоа ја напуштам целата приказна“

Еспресо

Драгана Беквалац неутешна по смртта на најдобрата пријателка: Објави досега невидени фотографии со Татјана Јечменица

Е.А.

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо
Се вчитува....